Црна хроника
Директорка на скопска градинка сама си го продолжила мандатот за четири години
Единицата за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје против 65-годишна скопјанка, поради сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.
Како што информираат од МВР, пријавената, во својство на директор на детската градинка „Мајски цвет“ во општина Карпош, чиј мандат истекувал на 16 јануари 2014 година, со цел да си овозможи продолжување на извршувањето на функцијата, на 11 декември 2013, самоволно и без основ, извршила сторнирање на претходно објавениот оглас за избор на нов директор на установата, преку доставување на писмени барања, потпишани од неа, до дневните весници каде што претходно бил објавен огласот.
На тој начин, продолжувајќи со извршување на директорската функција, таа си овозможила остварување повисоки примања во периодот од 16 јануари 2014 до 7 август 2018.
Во наведениот период директорката се стекнала со противправна имотна корист од 990.977 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.