Црна хроника
Ексдиректорот на Здравствениот дом во Крива Паланка зел телефони и телевизори без евиденција

Полицијата поднела кривична пријава против 60-годишниот Р.М. од Крива Паланка за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето при вршење на функцијата директор на кривопаланечкиот Здравствен дом.
Како што информираат од МВР, во текот на 2013 и 2015 година пријавениот како директор на установата, при склучени договори за комуникациски услуги меѓу Здравствениот дом и мобилен оператор, подигнал мобилни телефонски апарати и телевизори, но не ги евидентирал во книговодствената евиденција на установата, ниту им ги доделил на вработените.
Исто така, во текот на 2013, 2014 и 2015 година, пријавениот, за телефонски број регистриран на претплатник на ЈЗУ Здравствен дом – Крива Паланка, извршил уплата од 168.007 денари.
Со ваквите дејства пријавениот ги оштетил установата од Крива Паланка, буџетот на РМ и Фондот за здравствено осигурување во вкупен износ од 809.607 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.