Црна хроника
Жена од Пробиштип измамена за 1.434.000 денари: и рекле дека наследила 590 илјади евра, но ќе мора да плати одредена сума пари
Вчера во 13.00 часот во ОВР Пробиштип, 56-годишна жена од Пробиштип пријавила дека бил измамена од едно лице за сума од 1.434.000 денари.
Според пријавеното, на почетокот на јануари 2025 година лицето телефонски стапило во контакт со неа и ја известило дека е по потекло од Штип, дека живее во Велика Британија и дека во неговата агенција стигнал документ со кој се потврдува дека таа е наследник на 590.000 евра, кои биле во криптовалути и доколу сака да ги земе ќе мора да плати одредена сума на пари.
Како што е пријавено, лицето ја убедило да инсталира неколку апликации на мобилниот телефон и да подигне кредит од финансиско друштво од 250.000 денари, кои веднаш ги преземал преку една од апликациите со која имал контрола над нејзиниот телефон.
Исто така, според пријавеното, на почетокот на февруари, таа извадила извод од банка и констатирала дека преку електронско аплицирање, а без нејзино знаење и одобрение, биле подигнати два кредити од банката во вкупен износ од 1.184.000 денари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен кумановец, возел со 2.09 промили алкохол во крвта, возилото му е одземено
Денеска (03.02.2026) во 17:30 часот на автопат Куманово-ГП Табановце полициски службеници од Мобилна единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишиле од слобода Б.Ѓ (35) Куманово.
Имено, при контрола полициските службеници сопреле моторно возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Б.Ѓ. и по извршен алкотест било констатирано дека возачот е под дејство на алкохол, односно дека управува моторно возило со 2,09 промили алкохол во крвта.
Б.Ѓ. е лишен од слобода и е задржан во полициска станица за понатамошна постапка, а возилото е одземено.
Црна хроника
Велешанец нападнат сред ноќ, напаѓачот бил пијан
Во раните утрински часови на 3 февруари 2026 година, велешката полиција го привела 35-годишниот Д.Т. од Велес, поради физички напад врз 45-годишниот А.А., исто така од Велес.
Полициските службеници при проверката кај Д.Т. затекнале 1,83 промили алкохол во крвта.
Приведениот бил задржан во полициската станица, а како што информира МВР, по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Возеле со активна забрана, без положен возачки испит и со фалсификувана возачка дозвола: уапсени осум возачи во Велес, Делчево, скопско, Битола и Прилеп
На 03.02.2026 во 02:40 на ул.„Димитар Влахов“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода И.Т.(29) од Велес. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, при што на увид приложил фалсификувана возачка дозвола од Обединетите Арапски Емирати, која му била одземена. Додека пак, во македонската возачка дозвола е впишана активна забрана за управување на моторно возило. Лицето било задржано во полициска станица, а возилото било одземено.
На 03.02.2026 во 00:10 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишиле од слобода К.П.(31) од Скопје. При сообраќајна контрола на бул.„Гевгелија“ во Делчево, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со делчевски регистарски ознаки, кое го управувал, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. Лицето било задржано во полициска станица, а возилото било одземено.
На 02.02.2026 во 18:00 часот на влез во с.Батинци, општина Студеничани, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.И.(24) од с.Батинци. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, при што било констатирано дека возилото го управувал со впишана забрана за управување на моторно возило од 22.12.2025 до 21.04.2026. Лицето било задржано во полициска станица, а возилото било одземено.
На 02.02.2026 во 15:33 часот на ул.„8 Септември“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Е.М.(43) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „хјундаи“ со битолски регистарски ознаки, кое го управувал, било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. Лицето било задржано во полициска станица, а возилото било одземено.
На 02.02.2026 во 14:31 часот на патот Битола-Демир Хисар, кај с.Кукуречани, битолско, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода М.А.(24) од Демир Хисар. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со демирхисарски регистарски ознаки, кое го управувал, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. Лицето било задржано во полициска станица, а возилото било одземено.
На 02.02.2026 во 13:45 часот на ул.„Кузман Јосифоски“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода А.И.(39) од с.Норово, крушевско. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „алфа ромео“ со крушевски регистарски ознаки, кое го управувал, при што било констатирано дека истиот возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. Лицето било задржано во полициска станица, а возилото било одземено.
На 02.02.2026 во 12:30 часот на ул.„Филип Втори Македонски“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Д.Б.(37) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, кое го управувал, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. Лицето било задржано во полициска станица, а возилото било одземено.
На 02.02.2026 во 10:30 часот на патот за с.Бистрица, битолско, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Ш.Б.(34) од с.Острец, битолско. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, кое го управувал, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. Лицето било задржано во полициска станица, а возилото било одземено.
По целосно документирање на настаните, против лицата ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.

