Црна хроника
Жител на Неготинско со нож се обидел да ја убие сопругата

Жител на неготинското село Пепелиште со нож се обидел да ја убие сопругата.
Според информациите на Основното јавно обвинителство Кавадарци, 43-годишен маж утринава околу 5 часот, во расправија, со нож повеќепати ја нападнал својата сопруга во пределот на главата со намера да ја убие.
Во обидот за убиство го спречил таткото на сопругата по што осомничениот избегал.
Судот му определи притвор на осомничениот во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Гори куќа во Злокуќани, огнот се проширил на уште три

Голем пожар избувна вечерва околу 20:00 часот во Општина Карпош, на улицата „Скупи“, при што според неофицијални информации, се зафатени вкупно четири куќи.
На терен се повикани и присутни екипи на Брзата помош. Засега нема информации за повредени лица. Чадот се гледа од повеќе делови на Карпош.
Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), пријавата за пожарот била примена во 20:02 часот преку бројот за итни повици 112, по што веднаш биле известени надлежните институции.
Од страна на Министерството за внатрешни работи, преку дежурно-оперативниот центар на ЦУК, било побарано исклучување на електричната енергија на нисконапонската мрежа, за да може екипите на Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) да интервенираат безбедно.
Според првичните неофицијални сознанија, освен куќата каде што избувнал пожарот, огнот зафатил уште три соседни куќи.
Екипите на БППЗ Скопје се на лице место и работат на локализирање и гаснење на пожарот, информираат од ЦУК.
Топ
11-годишно дете и маж се тешко повредени откако возилото излетало низ дупка во оградата кај Прилеп

11-годишно дете и маж се здобиле со тешки телесни повреди, откако попладнево нивниот автомобил излетал од експресниот пат Прилеп–Градско и паднал околу 40 метри под патот, во населено место.
Детето, според информациите, се наоѓа во критична состојба, додека возачот исто така бил со сериозни повреди. Двајцата повредени се итно префрлени на Клиничкиот центар во Скопје, каде им е укажана лекарска помош. Трето лице, сопатник во возилото, поминал со полесни повреди и е згрижен во болницата во Велес.
Како што информираа од Основното јавно обвинителство Велес, несреќата се случила кога автомобилот марка „Фолксваген Поло“ со скопски регистарски таблички, во остра лева кривина изгубил контрола, удрил во претходно оштетена заштитна ограда и излетал од патот, паѓајќи во длабочина од околу 40 метри.
Јавен обвинител веднаш излегол на терен и извршил увид на лице место, при што издал наредби за технички преглед на возилото, како и проверка на присуство на алкохол кај возачот. Дополнително, подигнати се биолошки и други траги за понатамошно вештачење.
„Собраните материјални докази и резултатите од вештачењата ќе бидат искористени за утврдување на причините за несреќата и евентуалната одговорност“, информираат од Јавното обвинителство.
Топ
Охриѓанка тешко повредена откако ја удрило комбе додека била на велосипед

56-годишна жена од Охрид се здобила со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила во саботата рано наутро, на кружниот тек од улиците „15-ти Корпус“, „Железничка“, „7 Ноември“ и „Ристо Чадо“ во Охрид.
Како што соопшти полицијата, несреќата се случила на 12 јули 2025 година во 06:40 часот, кога товарно патничко возило „Рено“ со охридски регистарски таблички, управувано од О.Ф. (53) од село Лескоец, удрило во велосипед управуван од В.Л. (56) од Охрид.
Велосипедистката со сериозни повреди била пренесена во Општата болница во Охрид, каде што ѝ била укажана медицинска помош и ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.
Извршен бил увид на местото на настанот од екипа на СВР Охрид, а се работи на целосно расчистување на случајот.