Црна хроника
Запалил сува трева на нива, пожарот ги зафатил и магацините на соседот
Непознато лице запалило сува треба на нива во скопското село Волково, но пожарот се прошил и ги зафатил и магацините на соседот. Како што информира полицијата, вчера во СВР Скопје било пријавено дека во село Волково, Скопско, околу 11:45 часот непознат сторител запалил сува трева од нива која се простирала на површина од околу 3 декари.
Огнот се проширил и зафатил ограда, надворешен тоалет и две магацински простории лоцирани во дворното место од куќата сопственост на А.М. (1969) од Скопје, како и парцела која била заградена со ограда. Пожарот бил локализиран од Бригадата за противпожарната заштита Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсени возачи во Македонска Каменица, Крушево и Штип: возеле пијани и побрзо од дозволеното, а возачот од Крушево предизвикал сообраќајна несреќа и избегал
Ноќеска, во 00:00 часот на улицата „Самоилова“ во Македонска Каменица, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода Г.И.(30) од с.Дулица, општина Македонска Каменица. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди“, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,64 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
Ноќеска во 02:43 часот на улицата „Тодор Проески“ во Крушево, полициски службеници го лишија од слобода В.М.(28) од Крушево. Претходно, тој со патничко возило „фолксваген голф“, кое го управувал, удрил во паркирано патничко возило и го напуштил местото. По преземени мерки, тој бил пронајден и било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,80 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
Вчера во 21:35 часот на улицата „Осоговска“ во Македонска Каменица, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода Д.Т.(23) од село Цера, општина Македонска Каменица. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,62 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
Вчера околу 15:24 на улицата „Железничка“ во Штип, при контрола во сообраќајот со радар, полициски службеници од СВР Штип констатирал дека А.В.(38) од општина Зелениково управувал патничко возило „тојота“ со брзина од 102 километри на час на место каде максимално дозволената брзина е ограничена на 50 километри на час.
По целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Уапсен возач во Скопје: прегазил пешак и избегал од местото на несреќата
Вчера во 19:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Димитрие Чуповски“ во Скопје, патничко возило „фолксваген тигуан“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 33-годишниот А.А. од Скопје, удрило во пешакот М.М. од Скопје и го напуштил местото на настанот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 79-годишната М.М., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Подоцна, по преземени мерки, на локалниот пат за Средно Водно е пронајден и лишен од слобода возачот А.А.. Извршен е увид и по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсени девет лица во Битолско, кои организирале нелегални борби со кучиња, следува кривична пријава за мачење животни
На 01.11.2025 во 23:00 часот во селото Црноец, битолско, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода А.Д.(49), К.С.(43), Р.Б.(48) и Б.Н.(53), четворицата од Косово, Г.С.(51), И.Ж.(41), М.Х.(43) и В.Л.(43), сите од Битола и В.М.В.(59) од Штип.
Тие се затекнати во дворното место на М.Х. во селото, каде што организирале нелегални борби со кучиња. Притоа, пронајдено е едно повредено куче и предмети кои потекнуваат од кривичното дело.
По целосно расчистување и документирање на настанот, против лицата ќе биде поднесена пријава по член 233 од Кривичниот законик – „мачење животни“.

