Црна хроника
Извлечен маж од Вардар кај Камениот мост

Од водите на реката Вардар во Скопје вчеравечер бил извлечен, за сега, непознат маж. Засега не се познати причините како дошло до несреќата.
Според информациите од Противпожарната служба, вчера од 23 и 20 до 23 и 55 траела акцијата за извлекување на лице од Вардар, под Камениот мост. Пожарната интервенирала со две возила и шест пожарникари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Напад со нож во Струшко, уапсен 18-годишник

Вчера во 20 часот, во ОВР Струга лишен од слобода е 18-годишниот А.А. од струшкото село Франгово кој се сомничи дека претходно, во селото Долна Белица, физички, а потоа и со нож го нападнал Ф.Р.(60) од истото село.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
(Фото) Претреси во гостиварско, пронајдена дрога, уапсени двајца дилери

Вчера во 12 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Ф.М.(30) од село Здуње, гостиварско, кај кого, со судска наредба бил извршен претрес во куќата и помошните простории во с. Здуње и при тоа била пронајдена и одземена марихуана.
Исто така, на 07.09.2025 во 12:10 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Е.Џ.(31) од с.Здуње, кај кого, со судска наредба бил извршен претрес во дом и помошни простории и при тоа биле пронајдени и одземени марихуана, грутка кафена материја, три паковки со бела прашкаста материја и поголема сума на пари.
Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Црна хроника
Кокаин најден во дом на скопјанец

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување на истражна постапка против 42-годишен скопјанец за кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „овозможување употреба на наркотични дроги“.
Во станот во кој престојувал осомничениот на улицата „Матеја Матевски” во Скопје полицијата пронашла 14,2 грама амфетамин, околу 8 грама кокаин, помали количества марихуана и МДМА (3,4 метилен диоксиметамфетамин). При претресот во домот било затекнато уште едно лице на кое осомничениот му овозможил да користи кокаин.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.