Црна хроника
Истрага против градоначалник на општина и четири други лица
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, донесе наредба за истрага против пет лица.
Првоосомничениот меѓу нив, градоначалник на општина и третоосомничениот, надзорен орган во општината, како соизвршители сториле продолжено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување при јавни набавки, а второосомничениот, како вистински сопственик на две правни лица и брат на првоосомничениот, сторил две продолжени кривични дела – поттикнување и перење пари и други приноси од казниво дело.
На четвртоосомничениот – сопственик и управител на сега избришано правно лице и овластен потписник на банкарските сметки на друг сега избришан правен субјект му се става на товар дека сторил продолжено кривично дело помагање во врска со кривично дело перење пари додека петтоосомничениот – управител на правното лице чиј сопственик е второосомничениот, сторил злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство.
Во шестгодишен временски период, од 2012 година до 2018 година, поттикнати од второосомичениот, прво и трето осомничените ја злоупотребиле својата службена положба и прибавиле корист за друг со што нанеле штета на општинскиот буџет, додека четвртоосомничениот, издавајќи фактури со невистинита содржина кон правното лице на второосомничениот кои не ги евидентирал во својата сметководствена евиденција, му помогнал да изврши кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело.
Петтоосомничениот со поднесување на документација со невистинита содржина свесно ги повредил прописите за постапка за доделување на договор за јавна набавка и на тој начин остварил за друг имотна корист од поголеми размери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР.
Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен 15-годишен кумановец поради кражба на автомобил и приватни имоти
На 23 февруари 2026 година во 11:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 15-годишник од Куманово, информираат од МВР.
Според полицијата, тој одзел паркирано патничко моторно возило „форд ескорт“, сопственост на Р.Ј. (25) од Куманово. Дополнително, се сомничи дека влегол во два приватни имоти и одзел повеќе предмети.
Малолетникот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Фото: илустрација
Црна хроника
14-годишно дете возејќи автомобил во Дебреште удрило во бетонски столб, повреден е и неговиот малолетен сопатник
Синоќа во полицијата било пријавено дека во село Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од селото, удрило во бетонски столб, соопшти МВР.
Во несреќата, 14-годишен сопатник од Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

