Црна хроника
Исчезнато двегодишно девојче откако останало да одмори во село Кленоец
Двегодишно девојче исчезнало во селото Кленоец откако роднина го оставил покрај патот бидејќи не можело повеќе да оди пеш.
Настанот се случил во четвртокот, кога В.Ј. (32) од село Карбуница пријавил дека во четвртокот, заедно со неговите две внуки на возраст од шест и две години, се движел по локалниот пат од Кленоец кон село Извор. Во близина на јарболот во Кленоец, двегодишното девојче кажало дека не може да оди понатаму и останала покрај патот, а тој со шестгодишната внука се упатил во селото Извор. По еден час, кога се вратил на местото таа не била таму. Се вратил во куќата во село Кленоец, каде, исто така, ја немало.
Веднаш потоа случајот го пријавил во полиција воИзвор. Од страна на полициски службеници од Кичево било извршено пребарување на теренот, но исчезнатото дете не е пронајдено, а по него се трага и во петок. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.