Црна хроника
Казнети 131 возач во Чаир
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на Чаир изречени се вкупно 131 санкција, меѓу кои за возење без возачка дозвола 18 лица, 19 технички неисправни и нерегистрирани возила, 18 санкции за неносење заштитна маска…
„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
25-годишник загина во сообраќајка на магистралниот пат Куманово–Крива Паланка
25-годишник загина во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, на место викано „Смилчинци“, општина Старо Нагоричане.
Како што информираат од СВР Куманово, вчера, околу 19:05 часот, патничко возило „фолксваген голф“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот С.Т. од село Нерав, кривопаланечко, удрило во куче скитник, а потоа преминало во спротивната сообраќајна лента, предизвикувајќи директен судир со патничко возило „бмв“ управувано од 27-годишниот Ф.Ј. од село Длабочица.
– Во несреќата со тешки повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничките од возилото „БМВ“, А.С.(20) и С.Ј.(53) двете од Крива Паланка, констатирани во Општа болница Куманово, информираат од СВР Куманово.
Возачот С.Т. им подлегнал на повредите, а телото е предадено на обдукција по наредба на јавен обвинител.
Извршен е увид од екипа на СВР Куманово.
Топ
Кривична пријава за „посредување во вршење проституција“ и „помагање“
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 40-годишната Г.Ш. од село Бојане, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „посредување во вршење на проституција“ и против 60-годишниот Г.Н. од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“.
Пријавената Г.Ш., во текот на 2024 и 2025 година во Тетово, во помошен објект од куќата на второпријавениот, овозможувала користење на сексуални услуги.
Додека Г.Н. со умисла и свесно помагал на првопријавената во вршење на услугите, ставајќи ги на располагање просториите од помошниот објект на својата куќа.
Црна хроника
60-годишна жена натепана на автобуска постојка
Вчера во 20:10 часот во СВР Скопје, З.А.(60) од Скопје пријави дека на 12.02.2026 во 06:50 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар во Скопје, едно женско лице физички ја нападнало.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

