Црна хроника
Казнети 41 возач поради пребрзо возење
Во текот на изминатиoт ден (8 октомври) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле девет сообраќајни незгоди, од кои три со телесни повреди и шест со материјална штета. При сообраќајните незгоди шест лица добиле телесни повреди. Потоа, 41 возач се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така, исклучени се и 22 возачи бидејќи 16 го управувале возилото пред да стекнат право за управување моторно возило, четворица го управувале возилото под дејство на алкохол и двајца биле возачи почетници.
Од сообраќај се исклучени 17 возила бидејќи 16 биле нерегистрирани и едно поради претовар. Санкционирани се и шест возачи што поминале крстосница на црвено светло, еден не дал првенство на минување пешаци, четворица неправилно се престроиле и седум не користеле заштитен шлем. Во однос на пешаците, санкционирани се 11 пешаци што поминале коловоз надвор од пешачки премин и осум што поминале коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 104 мандатни платни налози, а исто така 81 возило се подигнати со „пајак“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Камион удри во крава на патот Крива Паланка – Куманово
Камионџија од Бугарија усмрти крава на патот Крива – Паланка – Куманово.
Според информациите на МВР, вчера во 18:00 часот во ОВР Крива Паланка e пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во село Жидилово, кривопаланечко, товарно возило „мерцедес“, управувано од Е.М.С.(59) од Бугарија, удрило во домашно животно – крава, по што животното починало, а тој со возилото го напуштил местото.
По преземени мерки Е.М.С. бил пронајден и против него ќе следува соодветна пријава. Увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка.
Црна хроника
84-годишна битолчанка измамена за сума од 9.600 евра
Осумдесет и четиригодишна битолчанка пријавила во полицијата дека била измамена од едно лице за сума од 9.600 евра.
„Според пријавеното, претходно лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка се здобила со скршеници и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати. Како што е пријавено, таа ги дала парите на едно лице кое дошло пред нејзината зграда, а откако подоцна се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: Depositphotos
Црна хроника
Скопјанец нашол паричник во Струга, ги потрошил парите, па пазарел и со картичката, МВР го пронајде
Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против П.П. (41) од Скопје, со привремено живеалиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Тој, во угостителски објект во Струга пронашол паричник сопственост на лице од струшко село, по што со парите а потоа и со банкарска платежна картичка, на повеќе продажни места, неовластено извршил плаќање за свои потреби.

