Црна хроника
Камион прегази пешак во Скопје

На скопскиот булевар „Србија“ утрово дојде до трагична сообраќајна несреќа во која животот го загуби 61-годишен скопјанец.
Како што информираат од МВР, во близина на железничкиот мост, камион марка „ман“ со приколка и скопска регистрација, удрил во 61-годишен пешак кој починал на местото на настанот.
Од полицијата утврдиле дека со камионот управувал 40-годишен велешанец.
По несреќата извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Велосипедист тешко повреден во сообраќајка на „Партизанска“ во Охрид

Велосипедист од Охрид се здоби со тешки повреди, во сообраќајка што се случи вчера на улицата „Партизанска“ во Охрид.
Во несреќата учествувале „бмв“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ч.(22) од селото Горенци, општина Дебрца и велосипед, управуван од С.Ф.(59) од Охрид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Извршен е увид.
Црна хроника
Уапсен 18-годишник од Струмичко: при претрес пронајдена дрога

Вчера во 01.10 часот во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода 18-годишниот Ф.В. од село Добрејци, струмичко.
При преглед кај него била пронајдена марихуана, а потоа, врз основа на судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што во дворното место биле пронајдени 19 стебла канабис.
Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот, против Ф.В. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Во бесознание била туристкaта од Јапонија која падна кај Канео, но сега е во стабилна состојба

Во стабилна состојба е туристката од Јапонија која вчера падна кај црквата „Свети Јован Канео“ во охридската населба Канео.
Од СВР Охрид информираа дека полицијата и екипата на Итната медицинска помош биле испратени на местото. Жената во бесознание била примена во охридската болница, а по укажувањето на медицинска помош, ги вратила нормалните животни функции и во моментот е во стабилна состојба.
Случајот нема индиции за насилство, туку се работи за несреќен пад.