Црна хроника
Катастрофален судир меѓу автомобили и трактор кај Валандово, осум повредени лица
Осум лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово во близина на селото Рабарово, Валандовско, при судир на два автомобила и трактор.
Синоќа, во 4.10 часот, во СВР Струмица било пријавено дека на регионалниот пат во близина на селото Раброво, Валандовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, управувано од И. К. (61) од Струмица, патничко возило „ситроен“, управувано од Г. А. (35) од Струмица, двете со струмички регистарски ознаки, и трактор ИМТ, со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Т. Ш. (74) од Валандово.
Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот на тракторот, а возачот на возилото „ситроен“ и шест сопатници од истото возило, како и сопатникот од тракторот Д. Н. (56) добиле телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Струмица и во Здравствениот дом Валандово.
Извршен бил увид од екипа на Полициската станица Валандово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

