Црна хроника
Кај осуденици во Идризово пронајдени пари и мобилни телефони

Вчера во 20 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека на влез во установата, при претрес кај осудениците Н.А., Х.A., Л.И. и Ј.П. биле пронајдени пари и мобилни телефони.
Додека, при извршен преглед во возилото со кое пристигнале, биле пронајдени марихуана и мобилен телефон.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Прилепчанец возел ем пијан, ем со забрана, полицијата го приведе

28-годишниот А.М. од Прилеп ноќеска е лишен од слобода откако бил фатен како управува автомобил под дејство на алкохол и со активна забрана за возење.
Според информациите од МВР, полициските службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Кавадарци, во 03.25 часот на улицата „7 Септември“ го сопреле патничкото моторно возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки кое го управувал А.М.
По преземени мерки било утврдено дека возачот имал 1,80 промили алкохол во крвта, а дополнително било констатирано дека управувал возило и покрај тоа што имал активна забрана за управување на моторно возило од „Б“ категорија.
А.М. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Уапсен возачот кој удри повозрасен маж на кружен тек во Скопје

Скопјанецот Е.Ј. (31) е уапсен од страна на полицијата откако со својот автомобил удрил пешак на 87-годишна возраст во центарот на Скопје.
Инцидентот се случил на 25 април 2025 година околу 20:30 часот, на кружниот тек кај улиците „Кирил и Методиј“, „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и „Костурски Херои“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, Е.Ј. управувал патничко возило „Фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, кога го удрил пешакот Ѓ.П. (87) од Скопје.
Пешакот бил веднаш пренесен со возило на Итна медицинска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.
Набргу потоа, на 26 април во 01:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Ј. По целосно документирање на случајот, и во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Топ
31-годишен скопјанец почина по пукање на Бит Пазар

31-годишен маж од Скопје почина од повредите здобиени при пукање попладнево на Бит Пазар.
„Во врска со пукањето на Бит Пазар, ве известуваме дека повредениот А.С. (31) им подлегнал на повредите“, велат од МВР.
Претходно МВР извести дека околу 14 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Војдан Чернодрински“ на подрачјето на Бит Пазар има пукање од огнено оружје.
Полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар излегле на местото и било констатирано дека се работи за вооружена престрелка, при што едно лице е повредено и е пренесено во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
На местото на настанот најдени се повеќе чаури.