Црна хроника
Кочанец фатен со лажен ПЦР-тест на аеродром, казнет со 2.000 евра
Кочанец се обидел да излезе од државава преку скопскиот аеродром со лажен ПЦР-тест. Обвинителството побара казна од 2.000 евра.
Според информациите од скопското обвинителство, 46-годишниот жител на Кочани сторил кривично дело фалсификување исправа.
„На 14 март, на граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје, обвинетиот се обидел да излезе од државава употребувајќи лажна потврда за негативен ПЦР-тест на коронавирус. Иако не се тестирал и знаел дека не поседува сертификат од наведената лабораторија, тој лажната исправа ја употребил како вистинска“, се наведува во соопштението.
Јавен обвинител му предложи на Основниот кривичен суд Скопје за обвинетиот да изрече парична казна од 100 дневни глоби при што висината на една дневна глоба да бие определена на 20 евра во денарска противвредност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.