Црна хроника
Крадци на дрва нападнале шумска полиција кај Крушево
Вчера во 16.00 часот во Полициска станица Крушево, Б.Ј.(48) од Крушево, вработен како шумски полицаец, пријавил дека заедно со четворица шумочувари од Шумско стопанство „Липа“ – Крушево, во близина на с.Норово, на место викано „Кутлиње“, ги затекнале Б.Ј.(37) и А.С.(49) од с.Норово, како бесправно сечат дрва.
При вршење на службени дејства од страна на службените лица, Б.Ј. почнал агресивно да се однесува и се обидел насилно да го извлече службениот пиштол на шумскиот полицаец, но бил спречен во намерата. По расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен крадец од Радовиш баран поради бегство од затвор
Полицијата уапси крадец од Радовиш баран поради бегство од затвор. Тој е спроведен во Затвор Струмица за доиздржување на казната.
Вчера во 15:25 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода Е.Б.(23) од Радовиш. Тој бил осуден на затворска казна од пет години и 10 месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“, а бил баран по распишана потерница поради бегство од Затвор Струмица, каде имал за доиздржување три години и осум месеци од казната.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Струмица за доиздржување на казната.
Црна хроника
Со измами за лажни сообраќајки, охриѓанец „заработил“ 3,6 милиони денари, полицијата го уапси
Полицијата расчисти девет сторени кривични дела измама за лажни сообраќајни незгоди, охриѓанец заврши во притвор, жртвите ги оштетил за 3.600.000 денари.
Полицијата вчера го уапси П.С.(38) од Охрид. По извршен службен разговор П.С. појаснил за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари. Тој се јавувал на повозрасни лица и лажел дека нивни блиски направиле сообраќајки и им барал пари.
На измамникот му е одреден притвор.
Црна хроника
Бил агресивен и искршил куќна ограда: уапсен маж од Струшко
Синоќа во 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е К.С.(33) од истото село.
Тој бил пријавен дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон М.М. и неговото семејство и извршил оштетување на нивната куќна ограда.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.

