Црна хроника
Кражба на злато и вредни предмети од златарница во Битола
Битолското Обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против 31-годишен битолчанец, осомничен дека сторил тешка кражба.
Постои основано сомнение дека на 29 јуни тој влегол во златарница на булеварот 1 Мај во Битола и почнал да разговара со сопственикот. Искористувајќи го моментот додека оштетениот бил наведнат зад пултот, осомничениот на дрзок начин одзел златен накит со вкупна тежина од околу 330 грама (златни прстени, синџири, обетки, стари пари) со проценета вредност од околу 16.500 евра, како и повеќе парчиња други вредни предмети во вредност од околу 15.000 евра. Потоа веднаш со трчање го напуштил објектот на златарницата, стекнувајќи се со противправна имотна корист од значителна вредност.
Оценувајќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.