Црна хроника
Кривична за измамници од Бугарија, мамеле повозрасни жители од Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против К. И. (51) и Г. М. (56), двајцата од Благоевград, Република Бугарија, поради постоење основи на сомнение за сторено 21 кривично дело измама.
Пријавените, во периодот од 17.8.2022 до 10.9.2022, телефонски им се јавувале на повеќе повозрасни лица од Охрид и лажно претставувајќи им се, ги известувале дека блиски членови на нивните семејства биле тешко повредени во сообраќајни несреќи.
Притоа, доведувајќи ги во заблуда, на оштетените им ветувале дека за одредена сума можеле да им помогнат за нивно ослободување од кривична одговорност.
На овој начин пријавените предизвикале вознемиреност кај оштетените граѓани, а во три случаи од оштетените добиле пари, со што стекнале противправна имотна корист во вкупен износ од 1.077.320 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Уапсен мотоциклистот кој усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази пешакот, мотоциклистот избега.
Од МВР информираат дека денеска во полициска станица е извршен службен разговор со Ф.Љ.(25) од Скопје, кој на 01 јули околу 19.30 часот на пешачка патека во близина на ул.„Ленинова“ во Скопје, со мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, удрил во пешакот Ј.Н.(68) од Скопје, по што избегал.
Од здобиените повреди Ј.Н. почина во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
„Денеска Ф.Љ. е лишен од слобода и по документирање на случајот, во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка“, соопшти МВР.
Црна хроника
Возел со 2,54 промила алкохол во крвта и поминал на црвено светло: уапсен маж од Кавадаречко

Утрово во 05.40 часот, на улица „Вишешница“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода В.Ѓ.(39) од село Ресава, кавадаречко.
На улица „Западен булевар“ во Кавадарци, тој управувајќи патничко возило „цитроен“ со кавадаречки регистарски ознаки, поминал на црвено светло, а по преземени мерки, полициските службеници констатирале дека бил под дејство на алкохол, односно измерени му се 2.54 промили алкохол во крвта.
В.Ѓ. е задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти полицијата.
Црна хроника
Бил затекнат додека палел сува трева: уапсен кумановец

Синоќа во 21.20 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ш.А. (56) од Куманово, затоа што на ул. „Доне Божинов“ во Куманово бил затекнат како пали сува трева.
Пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарна единица Куманово, а Ш.А. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.