Црна хроника
Кривична за дилер фатен кога од автомобил фрлил амфетамин за да се спаси од полициски претрес
Скопската полиција поднесе кривичнa пријавa до Основното јавно обвинителство против 20-годишник кој најпрво бил таргетиран кога на 3 јули на булеварот Климент Охридски од автомобил фрлил амфетамин за да се спаси од полициски претрес.
Како што информираат од МВР, на булеварот полицајци запреле автомобил управуван од 28-годишник, во кој како сопатници патувале уште три лица од кои двајца имале 20 и еден 17 години.
Во тој момент пријавениот 20-годишник, инаку од Пробиштип, ја отворил вратата и на земја фрлил амфетамин, па заедно со неговите другари биле приведени во Полициската станица Центар.
Следниот ден, на 4 јули, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во простории на улица Орце Николов каде престојувал 20-годишникот. При претресот биле пронајдени 39 МДМА таблети (метилен-диоксиметамфетамин) и дигитална вага со остатоци од марихуана.
Поради сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори, против него е поднесена кривична пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.