Црна хроника
Кривична за хирург од Битола чијашто пациентка починала од внатрешно крвавење
СВР Битола поднесе кривична пријава против О.А.(62) од Битола, хирург во Клиничка болница Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешки дела против здравјето на луѓето.
„На 20.04.2019 пријавениот извршл хируршка интервенција над С.П.(53) од Битола, која според исписната листа се водела на болничко лекување од осум дена, и покрај фактот што во исписната листа имало прекин од два дена. На 25.04.2019 од домот на сега веќе починатата, телефонски била побарана лекарска помош од Итната медицинска помош и домашно лекување и била префрлена во Клиничка болница Битола. На пациентката не ѝ била укажана лекарска помош според стандардните лекарски процедури при внатрешни крвавења, по што на 26.04.2019 во 22.10 часот починала на Одделението за хирургија“, информираат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повредена струмичанка во сообраќајна несреќа на патот Валандово – Струмица
Денеска, околу 00.25 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионален пат Валандово – Струмица, на место викано „Валандовско брдо“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот К.Т. од Гевгелија и патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 30-годишната С.Д. од Струмица, соопшти МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Д., а со телесни повреди се здобил К.Т., констатирани во Медицински центар Гевгелија, додаваат од МВР.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
Тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник во полициските станици во текот на вчерашниот ден.
На 25.04.2024 во 19.20 часот во Полициската станица Центар, Л.Ш.(42) од Скопје пријавила дека на ул.„Вардарска“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 25.04.2024 во 12.00 во Полициското одделение Мирковци, Р.Г.(38) од Скопје пријавил дека во близина на обиколницата Скопје, бил каснат од куче скитник.
На 25.04.2024 во 14.10 часот во Полициската станица Карпош, К.С.(46) од Скопје пријавил дека на ул.„Милан Марковиќ“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
На граничниот премин Долно Блаце уапсен маж од Косово
Вчера во 17.20 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода 24-годишниот В.И. од Косово, затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција констатирано било дека евидирал со мерка „апси“ по барање на Интерпол Шведска, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.