Црна хроника
Кривична пријава за поранешен началник на одделението на Државниот пазарен инспекторат во Охрид
СВР Охрид поднесе кривична пријава против поранешен началник на одделението на Државниот пазарен инспекторат во Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување”.
Во соопштението на полицијата се наведува дека 45-годишниот Ѓ.Б. од Охрид, во октомври 2014 година, како началник на одделението на Државниот пазарен инспекторат во Охрид, од О.Ф. од Скопје, сопственик фирма од Скопје, побарал да исплати фактура во износ од 35 900 денари кон друга фирма од Охрид. Потоа, во декември 2014 година пријавениот повторно од О.Ф. побарал да исплати фактура во износ од 40 532 денари кон наведеното правно лице. Во текот на 2015 година пријавениот од О.Ф. побарал да исплати треата фактура во износ од 60 000 денари кон хотел во Охрид, при што тој одбил да ја исплати истата, велат од полицијата.
Од МВР додаваат дека по случајот со третата фактура, во деловен објект фирмата на О.Ф., од страна на вработени во Државниот пазарен инспекторат бил констатиран прекршок при што била изречена соодветна глоба. Па поради тоа, О.Ф. повел судска постапка во која било утврдено дека прекршоците констатирани од Државниот пазарен инспекторат не биле направени, по што било поништено решението на Државниот пазарен инспекторат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Фатени дилери на дрога, меѓу нив и дете
Ноќта помеѓу 7 и 8 ноември .11.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Ј. од Куманово, Ф.С. од Кочани, Б.А., М.Р., П.Ѓ., М.Ј., М.Е., А.П. и еден 16-годишен малолетник, сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја.
По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
Црна хроника
МВР со опомена до 150 граѓани кои зборувале на телефон додека минувале на пешачки
Во периодот од 26.09.2025 до 07.11.годинава полициските службеници од СВР Скопје издале вкупно 150 опомени за граѓаните. Согласно проценките, динамиката и степенот на информираност и запознавање на граѓаните за измените во законската регулатива, во наредниот период се очекува отпочнување со изрекување на соодветни санкции, по целосното информирање на граѓаните за новите законски одредби.
Новите измени во Законот за безбедност во сообраќајот – пешачењето со телефон во рака или преминувањето пешачки со тротинет е прекршок кој се плаќа. Ако преминувате пешачки со мобилен телефон на уво или во рака – казната е 40 евра.
Ако возите тротинет, мотор или трактор со користење електронски уред – казната е 50 евра.
Црна хроника
Пожар зафати товарно возило во двор на фирма во Крушопек
Во првите часови по полноќ, на 8 ноември, во СВР Скопје било пријавено дека во двор на фирма во селото Крушопек избувнал пожар во товарно возило ман со скопски регистарски таблички, сопственост на фирмата.
Пожарот бил навреме изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита. Нема повредени лица, а увид на местото на настанот ќе биде извршен во текот на денешниот ден.

