Црна хроника
Кривична пријава за шеврцерите на 7 тона канабис вреден 20 милиони евра
Секторот за контрола и истраги при Царинската управа на Македонија, поднесе кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство против едно правно лице и четири физички лица, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, казниво по член 215 став 1 и став 7 и за кривично дело „Криумчарење“, казниво по член 278 став 1 став 3 и став 9 од Кривичниот законик.
Имено, на ден 11.08.2022 година во Царинската испостава Гевгелија, при извршена дополнителна контрола при увоз, oд страна на инспекторите од Одделението за истраги од Царинската управа, констатирано е дека станува збор за дробена, сецкана тревкаста материја, за која по направен тест е утврдено присуство на психоактивна компонента која влегува во составот на растението Cannabis.
По добиена наредба од надлежното Основно јавно обвинителство – Гевгелија, Царинската управа достави примерок од растителната материја до Министерството за внатрешни работи за вештачење, со што се потврди дека растителниот материјал преставува: исушени и иситнети врвни делови-вршунки од листови и цвет кои потекнуваат од растението Cannabis.
Со откривањето и спречување на обидот за криумчарење на оваа стока од страна на Царинската управа, спречено е неовластено производство и пуштање во промет на психотропна супстанца, односно 7.000 килограми цвет од канабис, која што на нелегалниот пазар на наркотични средства би достигнала вредност од над 20 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.