Црна хроника
Кривична пријава против вештак поради примање поткуп
Секторот за внатрешни работи Штип до Основното јавно обвинителство во Штип поднесе кривична пријава против 56-годишниот С.В. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело примање поткуп, казниво по член 357, став 6, во врска со став во врска со став 2 од Кривичниот законик, соопштуваат од МВР.
„Пријавениот во својство на вешто лице ангажиран од Бирото за судски вештачења при Министерството за правда во текот на јули 2018 во неколку наврати побарал парични средства во износ од 2.000 евра од сопственик на винарска визба од Штип за да стави потпис на економско-финансиски вештачења по предмет што се водел во Основниот суд во Штип против правното лице“, се наведува во соопштението од полицијата. Во соопштението на МВР се додава дека пред само два дена, односно 6 октомври, во просториите на правното лице пријавениот ги примил паричните средства во износ од 2.000 евра по што се потпишал на финансиското вештачење, а судија на претходна постапка на пријавениот му одредил мерка куќен притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдена бистата на народниот херој Вера Јоциќ од парк во скопски Центар
Вчера претпладне било пријавено дека била украдена бистата на народниот херој Вера Јоциќ од паркот во скопски Центар.
Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (26.12.2025) во 11:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека од парк на подрачјето на Центар во Скопје е одземена спомен бистата на народниот херој Вера Јоциќ.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повреден возач во сообраќајна несреќа кај Струга
Вчера околу 15:10 часот, во ОВР Струга е пријавено дека на магистралниот пат А-2 патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот В.М. од село Франгово, струшко, излетало од патот.
Возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Медицински центар Струга. На местото на несреќата увид извршила екипа од ОВР Струга.
Црна хроника
Експлодирал бојлер во Свети Николе, тешко повреден е маж
Електричен бојлер експлодирал вчера изутрина, околу 6:45 часот, во стан во Свети Николе и сериозно го повреддил 49-годишниот С.П., кој живеел во станот со семејството, информира МВР во дневниот билтен.
Поради повредите со возило на Итната медицинска помош С.Н. бил префрлен во болница кадер му е укажана лекарска помош.
Случајот бил пријавен во СВР Свети Николе, и извршен бил увид од увидна екипа за да се утврди причината за несреќата.

