Црна хроника
Кривична против кумановец, на Деве Баир дал фалсификувани документи

Регионалниот центар за гранични работи Исток поднесе кривичнa пријавa против 51-годишниот П.Ј. од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“, извести МВР.
– На 24.10.2023 на граничен премин Деве Баир, при пасошка контрола, пријавениот на увид дал бугарска возачка дозвола и бугарска лична карта за кои било утврдено дека се фалсификувани, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
(Видео) Филмски грабеж во златара во Гостивар: Полицијата уште трага по маскираните кои побегнаа со црн џип

Вчера во центарот на Гостивар се случила дрска разбојничка кражба во златара. Неколку вооружени и маскирани лица влегле во објектот, ограбиле значителна количина злато и пари, а потоа со црн џип побегнале во непознат правец.
Разбојниците, за да го отежнат движењето на полициските екипи, фрлиле бодликави жици на повеќе локации во центарот на градот.
„На 10.10.2025 година во 18:45 часот во СВР Тетово, В.П. од Гостивар пријавил дека четири маскирани лица со автоматско оружје извршиле разбојништво во златара во близина на малиот пазар во Гостивар, по што со патничко моторно возило БМВ без регистарски таблички побегнале.
– Веднаш е постапено по пријавата и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот, соопштуваат од СВР Тетово.
Црна хроника
Уапсен крадец во Кавадарци: ја истепал и вработената во маркетот што го ограбил

Денеска во 12:40 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода 44-годишниот Л.С. од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека на 08.10.2025 во 14:30 часот извршил „разбојничка кражба“.
Имено, тој се сомничи дека одзел производи кои биле поставени пред продажен објект во Кавадарци, по што бил забележан од вработена во маркетот.
Таа се упатила кон него да ги земе производите, но тој ја нападнал со остар предмет, кој му го одзела, по што физички ја нападнал и побегнал.
Л.С. е задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Радовиш, пронајдена марихуана, лишено од слобода едно лице

Вчера околу 16:30 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Н.С.(30) од село Воиславци, радовишко.
При претрес во домот на С.А. во Радовиш, во кој престојува Н.С., извршен со судска наредба, пред влезната врата пронајдена марихуана. Исто така, марихуана е пронајдена и при преглед на Н.С.
За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по документирање на случајот против Н.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.