Црна хроника
Кривична против началничка во Одделот за дисциплински и судски постапки за несовесно работење во службата
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Н. Ј., началник на одделение во Одделот за дисциплински и судски постапки, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело несовесно работење во службата по член 353-в став 1 од Кривичниот законик.
„Пријавената, како овластено службено лице, несовесно постапила во вршење на своите овластувања на тој начин што не постапила по правосилна пресуда со која на работник требало да му престане работниот однос во Министерството за внатрешни работи, односно пресудата не ја доставила до надлежните служби во Министерството за да биде донесено решение со кое на работникот ќе му биде откажан договорот за работа. Пресудата на Апелациониот суд Скопје, со која се потврдува пресудата на Основниот граѓански суд Скопје, со која е одбиено тужбеното барање на вработената, во Министерството за внатрешни работи е примена на 8.3.2022, а на постапување до стручните служби на Министерството е доставена на 27.2.2024“, велат од МВР.
Поради потешко кршење на работниот ред и дисциплината, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против Н. Ј. поднесе предлог за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност и изрече задолжителна мерка за отстранување од работното место до донесување решение во дисциплинската постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.
Црна хроника
Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот
Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

