Црна хроника
Кривична против скопјанец за производство и продажба на наркотици
Kривична пријава против дваесет и шест годишен скопјанец поради неовластено производство и продажба на наркотици, психотропни супстанци и прекурсори.
По извршен претрес во домот на осомничениот, биле пронајдени една црна пластична тегла во која имало: една поголема полиетиленска паковка со непозната растителна материја, шест помали полиетиленски паковки со непозната растителна материја; 33 растенија засадени во мали саксии; една полиетиленска кеса во која има девет поголеми пакувања со непозната растителна материја, како и неколку таблети розева боја во форма на срце, две дигитални ваги со остатоци од непозната материја; и други предмети, соопшти МВР.
Пронајдените предметите биле доставени на вештачење, осомничениот бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка.
По извршеното вештачење било утврдено дека растителниот материјал од пакувањата со вкупна нето маса од 552,16 грама претставува марихуана, 33-те растенија припаѓаат на растителниот род Канабис, активната компонента од седумте таблети претставува 3,4-метилен-диоксиметамфетамин (МДМА), а на површината на двете дигитални ваги се констатирани остатоци од марихуана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Камион удри во крава на патот Крива Паланка – Куманово
Камионџија од Бугарија усмрти крава на патот Крива – Паланка – Куманово.
Според информациите на МВР, вчера во 18:00 часот во ОВР Крива Паланка e пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во село Жидилово, кривопаланечко, товарно возило „мерцедес“, управувано од Е.М.С.(59) од Бугарија, удрило во домашно животно – крава, по што животното починало, а тој со возилото го напуштил местото.
По преземени мерки Е.М.С. бил пронајден и против него ќе следува соодветна пријава. Увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка.
Црна хроника
84-годишна битолчанка измамена за сума од 9.600 евра
Осумдесет и четиригодишна битолчанка пријавила во полицијата дека била измамена од едно лице за сума од 9.600 евра.
„Според пријавеното, претходно лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка се здобила со скршеници и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати. Како што е пријавено, таа ги дала парите на едно лице кое дошло пред нејзината зграда, а откако подоцна се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: Depositphotos
Црна хроника
Скопјанец нашол паричник во Струга, ги потрошил парите, па пазарел и со картичката, МВР го пронајде
Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против П.П. (41) од Скопје, со привремено живеалиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Тој, во угостителски објект во Струга пронашол паричник сопственост на лице од струшко село, по што со парите а потоа и со банкарска платежна картичка, на повеќе продажни места, неовластено извршил плаќање за свои потреби.

