Црна хроника
Кривична против тројца малолетници, во двор на средно училиште во Скопје нападнале две лица

СВР Скопје поднесе кривична пријава против тројца малолетници од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На 26.09.2023 во двор на средно училиште во Скопје, пријавените физички нападнале двајца малолетници од Скопје и им нанеле повреди, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Украдено возило од гаражата на Општина Аеродром

Синоќа во 22 часот во Полициската станица Аеродром, Д.М.(37) од Скопје, градоначалник на општина Аеродром, пријавил дека во периодот од 15.30 часот на 04.04.2025 до 20.40 часот на 07.04.2025 од гаража на општина Аеродром на бул.„Јане Сандански“ било одземено патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на општината.
Возилото било пронајдено на ул.„Перо Наков“, при што било констатирано дека недостасува една регистарска табличка.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Селанецот во Кривопаланечко убиен, па запален за 100 евра, зад убиството стојат двајца млади браќа

Двајца браќа се осомничените за убиството во Луке, кривопаланечко.
Тие се на возраст од 20 и 25 години, а убиениот е нивен соселанец.
Обвинителството за деталите од истрагата соопшти дека ноќта меѓу 24 и 25 март двајцата се договориле да извршат кражба во домот на жртвата. Помладиот брат го разбудил оштетениот и го извел надвор со изговор дека сака од него да купи ракија.
Во дворот го удрил со мотика по главата, па двајцата заедно го влечеле и му нанеле уште неколку удари со предмет.
„Со пребарување по џебовите од жртвата одзеле 6.000 денари кои си ги поделиле, по што ги пребарале куќата и помошните простории. На крај телото го полеале со бензин и нафта и го запалиле, па го фрлиле во дупка покрај реката и го покриле со дрвја и камења“, велат од Обвинителството.
По предлог на јавниот обвинител, Основниот суд во Куманово одреди мерка притвор за двајцата осомничени, кои до целосното расчистување на настанот беа обезбедени со мерка краткотраен притвор во траење од 48 часа.
Црна хроника
Демнат измами на телефон – го излажал дека ќерка му прегазила луѓе и барал 1.300 евра за да не оди во затвор

Измамите по телефон за лажните сообраќајки не стивнуваат. Најнова жртва е 77-годишен старец од кој биле земени 1.300 евра.
Според информациите на МВР, вчера во полиција, 77-годишен маж од скопско село пријавил дека бил измамен од едно машко лице за сума од 1300 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило телефонски и му кажало дека неговата ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила неколку лица и доколку не сака таа да лежи во затвор требало да плати. Како што е пријавено, тој парите ги оставил на договореното место, а откако се слушнал со неговиот зет, сфатил дека бил измамен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На подрачјето на СВР Скопје изминатиов период регистрирани се повеќе кривични дела „измама“, кои се извршени врз повозрасни лица.
Сторителите ги доведуваат во заблуда лицата на тој начин што им се јавуваат телефонски и им се претставуваат како службени лица, најчесто полициски службеници и од нив бараат финансиски средства за ослободување од кривичен прогон на нивни деца или внуци кои, наводно, непосредно пред јавувањето направиле сообраќајна несреќа со смртни последици.
Измамниците ги контактираат жртвите најчесто на фиксен телефон, но има случаи каде што се контактирани и преку мобилен телефон со скриен број, а за да бидат поуверливи во позадина се слуша женски глас кој бара помош.