Црна хроника
Кривична против 20-годишен тетовец, кај него пронајдено украдено оружје

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 20-годишниот М.К. од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „прикривање“, извести МВР.
– Во текот на август 2021 година, малолетничка извршила кражба во патничко возило и одзела пиштол „HS 2000“ калибар 9 мм, рамка со 15 куршуми, празна рамка, пари и лични документи, кои му ги дала на пријавениот за да ги продаде, соопшти МВР.
На 18.06.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени одземените предмети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Охриѓанка тешко повредена откако ја удрило комбе додека била на велосипед

56-годишна жена од Охрид се здобила со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила во саботата рано наутро, на кружниот тек од улиците „15-ти Корпус“, „Железничка“, „7 Ноември“ и „Ристо Чадо“ во Охрид.
Како што соопшти полицијата, несреќата се случила на 12 јули 2025 година во 06:40 часот, кога товарно патничко возило „Рено“ со охридски регистарски таблички, управувано од О.Ф. (53) од село Лескоец, удрило во велосипед управуван од В.Л. (56) од Охрид.
Велосипедистката со сериозни повреди била пренесена во Општата болница во Охрид, каде што ѝ била укажана медицинска помош и ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.
Извршен бил увид на местото на настанот од екипа на СВР Охрид, а се работи на целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тројца полицајци повредени во сообраќајка

Тројца полициски службеници се повредени во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила во Скопје, на кружниот тек меѓу булеварот „Партизански одреди“, улицата „Ѓорче Петров“ и улицата „Ацо Шопов“.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила на 12 јули 2025 година околу 15 часот, при судир помеѓу патничко возило „Опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 29-годишниот Б.Н. од Скопје и службено возило „Крајслер“, сопственост на МВР, управувано од полицискиот службеник В.И. (35) од село Бањане.
Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачот В.И. и неговите сопатници, полициските службеници А.С. (28) и И.Б. (26), двајцата од Скопје. На сите тројца повредени им е укажана лекарска помош во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде биле констатирани телесни повреди.
На местото на несреќата извршен е увид од екипа на СВР Скопје.
Топ
Семејна драма во Прилеп, убиени малолетно дете и неговиот татко, напаѓачот си пресудил сам

Во семејна трагедија што се случи синоќа во прилепската населба Точила, животот го загубија три лица, меѓу кои и едно дете. Според досега достапни информации, случајот бил пријавен во попладневните часови, а во акцијата интервенирале и специјални полициски единици.
Според неофицијални извори, маж вооружен со огнено оружје во својот дом отворил оган врз членови на неговото потесно семејство. Напаѓачот прво ги застрелал својот внук и неговиот малолетен син, а по нападот наводно, сам си го одзел животот. Сè уште не се потврдени точните релации меѓу учесниците.
Од Министерството за внатрешни работи за сега не излегуваат со официјални детали за мотивите и текот на инцидентот, но потврдуваат дека полициски службеници извршиле увид на местото на настанот и дека е отворена истрага.
Очевидци велат дека ситуацијата била напната, а според првични информации, напаѓачот наводно користел и експлозивна направа, при што биле загрозени и други членови на семејството. Специјалните единици реагирале по дојава, а случајот завршил со смртта на напаѓачот кој си го одзел животот.