Црна хроника
Кривични пријави против двајца скопски дилери на марихуана и хашиш
Полицијата во два одвоени случаја поднесе кривични пријави против Д. Т. (28) и М. Ѓ. (24) поради сомнение дека сториле кривични дела неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Како што информираат од МВР, пријавените подолг временски период, односно од втората половина на 2017 година и почетокот на 2018 година, неовластено од непознати лица набавувале дрога и психотропни супстанции, кои ги чувале во своите домови, каде што ги препакувале и ги продавале на корисници во главниот град.
Со претходно обезбедена судска наредба извршен бил претрес во домот на Д. Т. во Скопје и притоа биле пронајдени 272 грама марихуана и 75 грама хашиш. Извршен бил претрес и во домот на М. Ѓ., каде што биле пронајдени и одземени 95 грама марихуана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со измами за лажни сообраќајки, охриѓанец „заработил“ 3,6 милиони денари, полицијата го уапси
Полицијата расчисти девет сторени кривични дела измама за лажни сообраќајни незгоди, охриѓанец заврши во притвор, жртвите ги оштетил за 3.600.000 денари.
Полицијата вчера го уапси П.С.(38) од Охрид. По извршен службен разговор П.С. појаснил за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари. Тој се јавувал на повозрасни лица и лажел дека нивни блиски направиле сообраќајки и им барал пари.
На измамникот му е одреден притвор.
Црна хроника
Бил агресивен и искршил куќна ограда: уапсен маж од Струшко
Синоќа во 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е К.С.(33) од истото село.
Тој бил пријавен дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон М.М. и неговото семејство и извршил оштетување на нивната куќна ограда.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдено оружје и муниција, уапсено едно лице
Вчера вечер во 22:00 часот, во Кавадарци, полициски службеници го уапсија А.М.(38) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со куршум, воздушен пиштол, два револвери и 58 куршуми 9 мм, кои ги поседувал без соодветна документација.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

