Црна хроника
Кривични против тројца италијански и еден албански државјанин за незаконит лов на Шар Планина

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против 37-годишниот Б.Џ., 56-годишниот Д.Л.А. и 19-годишниот Д.Л.Р., сите од Италија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконит лов“ и против 60-годишниот А.Н. од Република Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“, извести МВР.
– На 12.12.2022, првите тројца пријавени биле затекнати како се движат во теренско возило со италијански национални ознаки на патот над с.Ѓурѓевиште кој води кон каналот Шарски води. Притоа, во возилото биле затекнати три ловечки кучиња, а биле пронајдени и одземени две ловечки пушки и муниција и било констатирано дека се работи за незаконит лов на територијата на националниот парк, во што им помогнал четвртопријавениот во својство на локален водич, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Пронајден хашиш кај Италијанец на паркинг на Средно Водно, одреден му е притвор

Вчера околу 21:00 часот на паркинг простор на Средно Водно од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје од слобода е лишен 27-годишниот Л.Т. од Република Италија. При извршен преглед кај него е пронајден хашиш.
Од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје против Л.Т. е поднесена кривична пријава по итна постапка до надлежен обвинител, а од страна на судија на претходна постапка му е одредена мерка 30-дневен притвор во КПУ Скопје.
Црна хроника
Маж од Богданци ја истепал сопругата, со која се во бракоразводна постапка, во кафеана

Вчера во 23:15 часот во Полициската канцеларија Богданци, 35-годишна жена од Богданци пријави дека околу 21:40 часот во угостителски објект во Богданци била физички нападната од нејзиниот сопруг К.Т.(43) од Богданци, со кого се во бракоразводна постапка.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Опожарен трансформатор на ЕВН, нема повредени лица

Вчера во 21:50 часот во СВР Штип е пријавено дека во село Криви Дол, штипско, настанал пожар на трансформатор, во сопственост на ЕВН Македонија.
Повредени лица нема. Екипа од Територијалната противпожарна единица Штип го изгасиле пожарот.