Црна хроника
Кривични против шестмина скопјани што краделе од луѓе и возила во Центар и Аеродром
Полицијата поднесе две кривични пријави со кои се опфатени по тројца скопјани поради сомнение дека во текот на минатиот и почетокот на овој месец сториле осум кривични дела од областа на имотните деликти, при што оштетиле осум лица од Скопје стекнувајќи вкупна противправна имотна корист од 220.000 денари.
Првите тројца разбојници во периодот од 15 јуни до 2 јули во централното градско подрачје, како и во населбата Аеродром, извршиле едно кривично дело разбојништво и пет кривични дела тешка кражба на особено дрзок начин, при што стекнале противправна имотна корист од 169.000 денари. Притоа, освен кривичното дело разбојништво, извршено во ноќните часови и со заканa со нож, овие тројца пријавени другите кривични дела ги извршиле во работен ден во пладневните часови на отворен простор и на ист начин: користејќи мотоцикл и со движење зад грб им приоѓале на оштетените кои се движеле по тротоар или стоеле на автобуска постојка и им ги одзеле чантите и мобилните телефони што им биле во рацете по што бегале.
Полицијата извршила претрес во домовите на крадците, каде што се откриени предмети што потекнуваат од извршените кривични дела. Двајца од нив се лишени од слобода и во службен разговор во полициска станица во целост го појасниле начинот на извршување на кривичните дела.
Втората кривична пријава е поднесена исто така против три лица од Скопје, кои се сомничат за две кривични дела тешка кражба извршени во ноќните часови на 7 спроти 8 јули во Градскиот парк. Кога со своето возило ќе се паркирале до автомобили што им биле цел на нападот, ги кршеле задните прозорци по што од возилата одземале чанти, мобилни телефони, паричници, брендирана облека и друго. Тројцата разбојници се приведени во полициска станица, а извршен бил и претрес во домовите на осомничените, при што пронајдени биле предмети што потекнуваат од извршените кривични дела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повредена струмичанка во сообраќајна несреќа на патот Валандово – Струмица
Денеска, околу 00.25 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионален пат Валандово – Струмица, на место викано „Валандовско брдо“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот К.Т. од Гевгелија и патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 30-годишната С.Д. од Струмица, соопшти МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Д., а со телесни повреди се здобил К.Т., констатирани во Медицински центар Гевгелија, додаваат од МВР.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
Тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник во полициските станици во текот на вчерашниот ден.
На 25.04.2024 во 19.20 часот во Полициската станица Центар, Л.Ш.(42) од Скопје пријавила дека на ул.„Вардарска“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 25.04.2024 во 12.00 во Полициското одделение Мирковци, Р.Г.(38) од Скопје пријавил дека во близина на обиколницата Скопје, бил каснат од куче скитник.
На 25.04.2024 во 14.10 часот во Полициската станица Карпош, К.С.(46) од Скопје пријавил дека на ул.„Милан Марковиќ“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
На граничниот премин Долно Блаце уапсен маж од Косово
Вчера во 17.20 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода 24-годишниот В.И. од Косово, затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција констатирано било дека евидирал со мерка „апси“ по барање на Интерпол Шведска, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.