Црна хроника
Кумановец без возачка дозвола удрил во брачна двојка, мажот починал
На локалниот пат село Слупчане-Куманово, во вечерните часови на 13 ноември, автомобил „бмв“ со кумановски регистарски таблички, управуван од 21-годишник од кумановското село Липково, кој немал возачка дозвола, удрил директно во двајца пешаци – сопружници, кои се движеле по патот во иста насока како возилото.
Од силината на ударот, на самото место починал мажот, 39-годишен жител на село Слупчане, а неговата 34-годишна сопруга добила повреди.
Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Куманово, а по наредба на обвинителот, телото на починатиот е предадено на обдукција. Надлежниот јавен обвинител донел и наредба за спроведување истражна постапка против несовесниот 21-годишник за сторено кривично дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдена бистата на народниот херој Вера Јоциќ од парк во скопски Центар
Вчера претпладне било пријавено дека била украдена бистата на народниот херој Вера Јоциќ од паркот во скопски Центар.
Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (26.12.2025) во 11:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека од парк на подрачјето на Центар во Скопје е одземена спомен бистата на народниот херој Вера Јоциќ.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повреден возач во сообраќајна несреќа кај Струга
Вчера околу 15:10 часот, во ОВР Струга е пријавено дека на магистралниот пат А-2 патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот В.М. од село Франгово, струшко, излетало од патот.
Возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Медицински центар Струга. На местото на несреќата увид извршила екипа од ОВР Струга.
Црна хроника
Експлодирал бојлер во Свети Николе, тешко повреден е маж
Електричен бојлер експлодирал вчера изутрина, околу 6:45 часот, во стан во Свети Николе и сериозно го повреддил 49-годишниот С.П., кој живеел во станот со семејството, информира МВР во дневниот билтен.
Поради повредите со возило на Итната медицинска помош С.Н. бил префрлен во болница кадер му е укажана лекарска помош.
Случајот бил пријавен во СВР Свети Николе, и извршен бил увид од увидна екипа за да се утврди причината за несреќата.

