Црна хроника
Лани 132 лица го загубија животот во сообраќајни незгоди, а 5164 се повредени
Летото е период кога се зголемува бројот на загинати и повредени лицa во сообраќајни незгоди. Како последица на неодговорното учество во сообраќајот, изминатата година во земјава 132 лица го загубија животот во сообраќајни незгоди, а 5164 лица се повредени.
Половина од сообраќајните незгоди со загинати лица минатата година се случиле во периодот од месец мај до месец септември. Имајки ја во предвид ваквата состојба РСБСП со пораки совети и апели за безбедно лето и за одговорно учество во сообраќајот.
„Оваа лето безбедноста нека ти биде на прво место!“, „ Вози одговорно, има некој кој те сака и кој те чека безбедно да се вратиш дома!“, „Брзото возење изнудува грешки кои најчесто завршуваат фатално!“ „Безбедното возење не е право на избор, безбедното возење е начин да преживееш!“- се само дел од пораките кои РСБСП ги упатува до учесниците во сообраќајот.
Брзо возење, возење под дејство на алкохол, замор, деконцентрација, непочитување на поставената сообраќајна сигнализација се водечки причини за предизвикување на сообраќајни незгоди во летниот период. Најчеста причина со најсериозни последици по животот и здравјето на учесниците во сообраќајот е брзото возење. Водејки се од ова РСБСП уште еднаш ги потсетува возачите на најважните обврски и одредби од ЗБСП кои се однесуваат на брзото возење, а кои треба секогаш да ги почитуваат како внимателни, совесни и одговорни возачи и личности:
• Возачот е должен да ја прилагоди брзината според условите во кои се одвива сообраќајот и според состојбата на патот.
• Брзината на движење е ограничена согласно условите на патот и истата е одбележена со соодветен сообраќаен знак.
• Брзото возење ја загрозува безбедноста во сообраќајот и истото се санкционира со парична казна до 400 Евра во денарска противвредност, во зависност од тежината на сторениот прекршок, односно од големината на пречекорувањето на брзината.
• Брзото возење претставува закана за времено одземање на возачката дозвола до 12 месеци.
• Брзото возење ве прави нервозни и агресиви. Агресивните и брзи возачи немаат можност да уживаат во возењето и се соочуваат со голем број на стресни ситуации додека возат.
• Брзото возење значи поголема потрошувачка на гориво и негрижа за возилото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.