Црна хроника
Ловна пушка и куршуми пронајдени во куќа во кавадаречко

Ловна пушка и куршуми биле пронајдени во куќа во кавадаречко. Сопственикот бил приведен и против него е поднесена кривична пријава.
Според информациите на МВР, утринава околу 6 и 30 часот, полициски службеници го привеле А.Т.(37) од с. Дабниште, кавадаречко, поради тоа што при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени една ловна пушка, 17 куршуми со калибар 12 мм, 22 куршуми калибар 16 мм, 20 куршуми со ознака БТ3 непознат калибар, една метална направа за полнење куршуми.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава за недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материјали.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Поднесено обвинение за осомничениот за пожарот во куќата и станот на покојниот Зоки Фаци

Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши претходната постапка и ги прибра доказите врз основа на кои поднесе обвинение против едно лице за две кривични дела – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетиот беше идентификуван како одговорен за намерно предизвикување пожар во викенд-куќа во Катланово и во стан во Скопје, кои биле во сопственост на неговата сопруга со која биле во бракоразводна постапка.
Најпрво, на 1 мај телефонски и се заканувал на оштетената и на нивниот заеднички син дека ќе им ги запали станот и куќата, а еден ден подоцна ја реализирал заканата, предизвикувајќи пожар со бензин пред влезните врати на двата објекти. Пожарот се проширил и во внатрешноста на куќата и на станот кој се наоѓал во зграда, па била предизвикана значителна опасност за животот на луѓето.
Со обвинителниот предлог, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставл и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.
Црна хроника
Уапсен 17-годишник во Куманово: украл мотоцикл „јамаха“

Денеска во 01.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 17-годишник од село Блаце, скопско, затоа што пред угостителски објект во Куманово одзел мотоцикл „јамаха“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Г.Д.(52) од Куманово.
Мотоциклот бил пронајден и вратен на сопственикот, а малолетникот бил приведен во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Сообраќајна несреќа во Прилеп, тешко повреден 16-годишник

Вчера во 15.37 часот во Полициската станица Прилеп е пријавено дека на крстосницата од улицата „Јане Сандански“ со улицата „Стеван Димоски“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „хамачи“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од Прилеп и патничко возило „шкода октавија“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 34-годишната С.М. од Прилеп.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Градската болница Прилеп.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.