Црна хроника
Маж ги нападнал сопругата и детето, друг го натепал братот – семејно насилство синоќа во Гостивар
Два случаја на семејно насилство во Гостивар биле пријавени синоќа во полицијата.
Како што објави СВР Тетово, во едниот случај маж ги нападнал сопругата и нивниот малолетен син, а во вториот гостиварец го натепал својот брат.
„Вчеравечер (31 мај), околу 21.25 часот, на улицата Гоце Делчев во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 36-годишниот Ф. А. од гостиварско село, кој бил пријавен од неговата 25-годишна сопруга дека половина час пред тоа физички ги нападнал неа и нивниот малолетен син. Ф. А. е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот, ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
Вчеравечер (31 мај), околу 21.20 часот, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 31-годишниот В. Б. од гостиварско село, кој бил пријавен од неговиот 28-годишен брат дека околу 21 часот во семејниот дом физички го нападнал. Се расчистува и документира случајот“, велат од СВР Тетово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.