Црна хроника
Маж од Кочанско загина по удар од трактор
Маж од селото Теранци, Кочанско загина по удар од трактор.
Од полицијата информираат дека мажот Б.К.(57) бил донесен со повреди на Комплексот клиники „Мајка Тереза“- Скопје, по што починал.
„Според пријавеното, тој со повредите се здобил при пад пред трактор, управуван од С.Г.(81), а по дополнително извршени проверки од страна на полициските службеници е констатирано дека лицето било удрено со трактор. За случајот е известен Јавен обвинител“, информираат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати
Министерството за внатрешни работи информира дека двајца Срби се уапсени под сомнение дека сториле 7 кривични дела, од кои 6 тешки кражби, како и кражба на велосипеди низ општина Аеродром.
„Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Љ.Г.(21) и А.К.(42), двајцата од Р.Србија.
Тие се сомничат дека во изминатиот период извршиле 6 кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „кражба“ на велосипеди на подрачјето на општина Аеродром. Двете лица се лишени од слобода, а украдените велосипеди се пронајдени кај пријавените и вратени на сопствениците“, велат од МВР.
Црна хроника
Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари
МВР информира дека вчера по преземени оперативни мерки и дејствија, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје го уапсиле 32 годишниот Б.М. од Штип.
При претрес во неговиот дом во Штип извршен по насоки од надлежен обвинител, биле пронајдени и одземени прашкаста материја, поголема сума на пари и дигитална вага.
„Лицето е задржано во полициска станица и во текот на денот со кривичната пријава ќе биде предаден на судија на претходна постапка за понатамошно постапување“, соопштија од полицијата.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.