Црна хроника
Маж паднал додека работел на кровот на својата куќа, со тешки повреди е пренесен на Клиника
Вчера во Полициската станица Македонска Каменица било пријавено дека околу 19.45 часот, 72-годишниот К.Д., додека работел на кровот од сопствената куќа, паднал и се здобил со тешки телесни повреди, извести МВР.
Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување помош. Се работи на расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Во Кочани три лица оштетиле возило и нападнале жена
Вчера во Полициската станица Кочани, Б.С. од Кочани пријавил дека околу 18.10 часот, Б.Ѓ., М.Н. и уште едно лице, дошле пред неговата куќа и фрлале тврди предмети, при што го оштетиле неговото возило, а Б.Ѓ. влегол во дворот и ја нападнал неговата мајка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Масовна тепачка во Скопје, приведени три лица
Вчера околу 22.00 часот во Шуто Оризари, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги привеле С.А.(39), Е.А.(51) и Т.А.(29), сите од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека со уште неколку лица физички го нападнале Д.И.(30) од Скопје.
Според пријавеното, пред Полициското одделение Шуто Оризари, тие физички го нападнале и А.К.(30) од Скопје, кој го однел Д.И. да даде изјава во врска со претходниот физички напад. Исто така, според пријавеното, откако Д.И. слушнал врева излегол од станицата и со тврди предмети ги оштетил прозорите од куќата на С.А.(39), каде претходно се собрале поголема група граѓани.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Одделечено лице со здравствени проблеми од домот во Гази Баба
На 16.09.2024 во Полициската станица Гази Баба, Н.С.(46) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечила нејзината ќерка М.С.(20), која имала здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.