Црна хроника
Малолетник од Дебарско барал пари од поранешната девојка за да не објави експлицитни фотографии
Дебарската полиција поднесе кривична пријава против 17-годишник од село Голем Папрадник поради сомнение дека ја уценувал поранешната девојка, исто така малолетничка, да му даде пари.
Како што информираат од МВР, во текот на декември 2018 година, пријавениот во повеќе наврати ѝ се заканил на девојката со која претходно бил во љубовна врска, дека доколку не му даде одредена сума пари, на социјалните мрежи ќе објави фотографии со експлицитна содржина.
Кривичната пријава за 17-годишникот е за сторено кривично дело уцена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Возач во Арачиново удрил во тројца пешаци, меѓу кои и тригодишно дете
Возач во Арачиново удрил во тројца пешаци, меѓу кои и тригодишно дете на паркинг.Тројцата со повреди се пренесени во болница.
Според информациите на МВР, вчера околу 18:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг простор кај село Арачиново, скопско, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(29) од с.Арачиново, удрило во паркирано возило „фолксваген венто“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од Н.С.(38) од с.Арачиново, а потоа и во пешаците Џ.К.(30), 35-годишната А.С. и тригодишно дете, сите од с.Арачиново.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.С., додека со телесни повреди се здобиле Џ.К. и тригодишното дете, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Кривична пријава за жител на струшко за кражба на струја
Полицијата поднесе кривична пријава против Н.А.(55) од струшкото село Подгорци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“.
Според информациите на МВР, на 18.09.2025, при контрола на мерни броеви било утврдено дека тој неовластено извршил премостување на мерната опрема, при што директно од мрежата преземал нерегистрирана електрична енергија.
На тој начин тој се стекнал со противправна имотна корист од 184.329 денари.
Црна хроника
Директорка на Здравствен дом Делчево незаконски продолжила со работа по пензија, го оштетила буџетот за 400.000 денари
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Г.(70) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
„Пријавената, директор на Јавна здравствена установа Здравствен дом ‘Гоце Делчев’ – Делчево, спротивно од Законот за работни односи и Уредбата со законска сила за примена на Законот за здравствена заштита за време на вонредна состојба, во периодот од 09.01.2022 до 28.04.2022, по навршување на 67 години старост продолжила со работа, за што по основ на плата и придонеси од плата се стекнала со противправна имотна корист во износ од 401.776 денари и го оштетила буџетот на Јавната здравствена установа“, соопшти МВР.

