Црна хроника
Малолетник од Мала Речица нападнат од соседот

Педесет и седумгодишниот С.А. од тетовска Мала Речица, вчера во 17 часот и 50 минути во СВР Тетово пријавил дека околу 16 часот и 10 минути неговиот малолетен внук физички бил нападнат од нивниот сосед А.М., извести СВР Тетово.
Се расчистува и документира случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Ја тепал и ја заклучувал вонбрачната сопруга во домот: уапсен тетовец

Вчера во 13:16 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Џ.Р.(41) од тетовско.
Полицијата постапила по претходна пријава од неговата 38-годишна вонбрачна сопруга, дека на 25.09.2025 во семејниот дом физички ја нападнал и ја заклучувал во домот.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна кривична пријава, соопшти МВР.
Црна хроника
Претрес во Кичево, пронајдени оружје и муниција, уапсено едно лице

Вчера во 13:50 часот во Кичево, полициски службеници го уапсија В.С.(45) од Кичево. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се ловечка пушка „IJ-18“ и 40 ловечки патрони.
Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Уште една измама со лажна сообраќајна несреќа, 77-годишна скопјанка измамена за 180.000 денари

Вчера во 17:45 часот во полиција, 77-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 180.000 денари.
Според пријавеното, телефонски и се јавило едно лице, кое се претставило како полициски службеник и и рекло дека наводно нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете кое починало и доколку не сака таа кривично да одговара, ќе треба да даде пари.
Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договореното место, а откако се вратила во домот, телефонски стапила во контакт со нејзината ќерка и сфатила дека била измамена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.