Црна хроника
Малолетник ранет од заскитан куршум

Малолетник бил ранет од застрелан куршум ноќта во сабота кон недела во скопското село Брњарци.
Како што соопшти полицијата, околу 01,15 часот во с.Брњарци-Скопје 17 годишен малолетник од с.Стајковци се здобил со огнострелна рана од залутан куршум во пределот на десната надколеница. Истиот е однесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ каде што му е констатирана тешка телесна повреда и истиот е задржан на понатамошно лекување.
СВР Скопје превзема мерки за расчистување на настанот. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Метална шипка паднала врз скопјанец при санација на покрив на зграда: тој ги нападнал колегите

Вчера во 18.40 часот во СВР Скопје, Д.Д. (24) од с.Босилово, струмичко и З.Б. (54) од с.Чучер Сандево, скопско, пријавиле дека, додека извршувале работни задачи – санација на кров од станбена зграда на подрачјето на Карпош, паднала метална шипка и го повредила Б.Х.(51) од Скопје во пределот на раката.
Според пријавеното, потоа Б.Х. физички ги нападнал двајцата, при што употребил метален предмет и му нанел повреди на Д.Д., а им оштетил и алат.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ја заклучувал сопругата, ја тепал и ѝ се заканувал: кривична за тетовец

Тетовец ја заклучувал сопругата, ја тепал и и се закнувал.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.С.(35) од Тетово.
Тој се сомничи за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“, ,,телесна повреда“ и ,,противправно лишување од слобода“.
Од 25.02. до 28.02.2025 пријавениот ја заклучил во семејниот дом неговата сопруга ѝ упатувал закани и физички ја нападнал.
Црна хроника
Грчки државјанин со пет евра сакал да поткупи цариник на Табановце

Грчки државјанин е уапсен на граничниот премин Табановце поради давање поткуп. При контрола на возилото тој во зелениот картон ставил пет евра за граничарот што го прегледувал.
Според информациите на МВР, вчера во 10.05 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го уапсиле С.П.П.(40) од Република Грција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“.
„Имено, при гранична контрола, тој на увид дал документи за патничко возило „форд“ со германски национални ознаки, кое го управувал и во зелениот картон ставил банкнота од пет евра. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.