Црна хроника
Малолетничка била присилно држена и физички малтретирана, ја пронашол татко ѝ
Татко на 16-годишно девојче пријавил дека ја пронашол својата малолетна ќерка која била присилно држена од страна на 26-годишен маж во населбата Шуто Оризари.
Пред да ја пронајде, соопшти МВР, таткото добил повик од негов пријател, кој му раскажал дека го видел девојчето како вознемирено се движи по улица во населбата. Таткото се упатил на наведената локација и ја пронашол својата ќерка, која му кажала дека присилно била држена од страна на 26-годишен маж во неговиот дом. Тој, според кажувањето на девојката, не ѝ дозволувал да го напушти неговиот дом при што физички ја малтретирал.
МВР соопшти дека работи на целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.