Црна хроника
Малолетничка натепана во автобус на ЈСП од три машки лица

Вчера по полноќ, во 00.40 часот во СВР Скопје, Р.Н.(41) од с.Батинци, скопско, пријавил дека на 27.04.2023 околу 19.40 часот во градски автобус во с.Батинци, неговата малолетна ќерка била физички нападната од три машки лица, од кои еден малолетник.
Според пријавеното, причина за нападот е претходно недоразбирање на неговата ќерка со друга малолетничка од с.Батинци со која биле во автобусот.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Фатен малолетен крадец во Дебар, одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот

Црна хроника
18-годишник пријавен дека сексуално ја злоставувал ќерката

Четириесет и шестгодишен маж од скопско пријавил дека во мај годинава, 18-годишен скопјанец извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка.
– На 09.10.2025 во 22:00 часот во СВР Скопје, 46-годишен маж од скопско, пријави дека во мај 2025 година, 18-годишник од Скопје извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, стои во денешниот полициски билтен.
Црна хроника
Малолетни девојчиња тепале врсничка, ја снимале, а видеото го објавиле на социјалните мрежи

Вчера во 15:00 часот во СВР Скопје, Д.М.(39) од с.Бардовци, скопско, пријави дека на 09.10.2025 околу 13:00 часот на игралиште на подрачјето на Карпош во Скопје, неговата малолетна ќерка била физички нападната од две малолетнички, а настанот бил снимен со телефон и споеделен на социјални мрежи.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.