Црна хроника
Малолетничка од Тетовско фатена со марихуана

Малолетничка од Мала Речица, Тетовско, синоќа била приведена оти кај неа била пронајдена и одземена марихуана.
„Во присуство на родител и претставник на Центарот за социјални работи – Тетово малолетничката била задржана во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот по што ќе следува соодветен поднесок“, објави МВР во дневниот билтен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Радовишанец во воена униформа се шетал со пушка и пиштол во градот

Жител на Радовиш облечен во воена униформа со пиштол и пушка се шетал низ градот.
Според информациите на МВР, вчера полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода А.У.(49) од Радовиш. Тој бил затекнат на ул. „Шаин маале“ во Радовиш како се движи во воена униформа и на себе имал ремен со пиштол, лисици и дрвена палка, а во рацете имал пушка.
При обид да биде лишен од слобода, А.У. се дал во бегство и ги фрлил предметите кои ги носел во себе, но по преземени мерки, бил фатен и лишен од слобода. Од страна на полициски службеници биле пронајдени и одземени предметите кои лицето ги фрлило при бегството, односно една пушка, еден војнички ремен, кожна футрола со еден пар лисици за врзување, метална цевка, футрола со три куршуми за сигнален пиштол, метална рамка со пет капси, пиштол идр..
Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш. За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.
Црна хроника
Прилепчанец му го украл пиштолот на полицаец додека го приведувал

Прилепчанец му го украл пиштолот на полицаец додека го приведувал и избегал.
Според информациите на МВР, вчера полициски службеници од ОВР Прилеп, додека постапувале по наредба од Основен суд Прилеп за приведување на С.Ќ. на ул.„Дебарца” во населба Тризла во Прилеп, биле физички нападнати од С.Ќ., кој му го одзел службениот пиштол на еден од полициските службеници, и се дал во бегство.
Во исто време, се собрала поголема група на луѓе кои на полициските службеници им упатувале закани и навреди.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Таксист во Скопје се качил на возилото за да не му го крене „пајакот“

Таксист се качил на своето возило за да не му го крене „пајак“ службата. Инцидентот се случил во Скопје.
Според информациите на МВР, вчера на бул. „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Ф.Џ.(57) од Скопје, поради тоа што додека со „пајак“ возило му било подигано неговото такси возило, агресивно се однесувал кон полициските службеници, се качил врз возилото и одбивал да се симне.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.