Црна хроника
Малолетно девојче нападнато во училиштен двор во Карпош
Вчера попладне во 14.40 часот во СВР Скопје, 47-годишната С.К.А. од Скопје пријавила дека на 03.10.2023 во училиштен двор на подрачјето на Карпош, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од И.Х. од Скопје, извести МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Голема полициска акција во Скопје за дрога: приведени 28 лица, двајца се во притвор
Во рамки на криминалистичка истрага која од декември 2023 се спроведуваше по насоки на надлежен јавен обвинител од ОЈО Скопје, во текот на ноќта во голема заедничка акција на Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, САЕ Тигар и СВР Скопје – Единица за недозволена трговија беа преземени низа координирани мерки и активности на подрачјето на Скопје со цел сузбивање на улична продажба на кокаин, амфетамин и марихуана.
Притоа, во текот на криминалистичката истрага од слобода се лишени 28 лица.
„Во акцијата за сузбивање на улично дилерство на дрога изминатата ноќ лишени се од слобода В.Г.(46), М.В.(22) и С.Б.(21), кај кои бил пронајден кокаин, Д.Т.(24) од Кочани, како и С.В.(28) од Скопје, кај кои при претрес биле пронајдени поголеми суми пари за кои постои сомнение дека потекнуваат од продажба на наркотична дрога. Покрај ова, извршени се претреси на седум локации во Скопје, при што кај Ѓ.Ш.(41) од Скопје биле пронајдени марихуана, вага и други предмети поврзани со кривичното дело, кај А.П.(29) пронајден е куршум и запалка за бомба, кај Б.П.(34) се пронајдени остатоци од кокаин и други предмети поврзани со кривичното дело. Од слобода се лишени и А.Б.Ј., поради сомнение за уништување докази, како и М.Д.(37) од Скопје, кај кого бил пронајден кокаин. При претрес кај Ф.Д.(41) од Скопје пронајдени се поголема сума пари, марихуана, лични карти и пасоши на повеќе лица оставани како залог за купопродажба на дрога, а при преземени мерки за негово лишување од слобода, тој не застанал на издадена наредба за запирање, при што оштетил три службени возила, извршувајќи и кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“ и за него е издаден распис за негово пронаоѓање и приведување“, велат од МВР.
Покрај 28-те вкупно приведени лица, во текот на криминалистичката истрага обезбедени се повеќе материјални докази за инволвираност на лицата во улична продажба на кокаин, амфетамин и марихуана, за две лица е веќе поднесена кривична пријава и одредена е мерка притвор, одземен е мотоцикл „хонда“ како и патничко возило „форд мондео“ за кое се обезбедени докази дека било користено за продажба на кокаин.
Во текот на денешниот ден од страна на СВР Скопје до ОЈО Скопје ќе биде поднесена кривична пријава против 7 лица.
Црна хроника
Автомобил и мопед се судрија во Скопје, едно лице донесено на комплексот клиники со тешки повреди
Вчера во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Гоце Делчев“ и ул.„Григор Прличев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „мерцедес“, управувано од Р.Р.(29) од Скопје и мопед „априлија“, управуван од М.Д.(44) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Д., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Битолчанец загина во сообраќајка, со автомобилот излетал од патот
Вчера на земјен пат во атар на с.Кременица, битолско, Ж.Р.(63) од с.Средно Егри, битолско, управувајќи патничко возило „форд“ со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.
Од здобиените повреди возачот починал на местото на несреќата, а смрт била констатирана од лекар од Итната медицинска помош.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.