Црна хроника
Малолетно девојче повредено со тврд предмет на плоштадот Скендербег во Скопје

На 14.08.2022 во 02.50 часот во Полициска станица Бит Пазар, Б.Ш.(39) од Скопје пријавила дека на 13.08.2022 околу 23.00 часот на плоштад Скендербег, едно лице фрлило со тврд предмет којшто ја погодил нејзината малолетна ќерка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кривична за полицаец од Скопско: возел со 1,65 промили алкохол во крвта, на полна линија му го пресекол патот на друг возач

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Л.Д.(26) од с.Зелениково, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.
Пријавениот Л.Д.- полициски службеник во Сектор за известување и координација на состојби во МВР, на 21.04.2025 на подрачје на Кисела Вода во Скопје, пријавениот управувал возило со 1,65 промили алкохол во крвта и поминувајќи на полна линија го пресекол патот на друго патничко возило и на тој начин ја загрозил личната и безбедноста на возачот и патниците од другото возило. А откако запреле тој упатувал закани на другиот возач и удирал по неговотот возило.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против полицискиот службеник Л.Д. поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работната дисциплина.
Црна хроника
Тешко повреден велосипедист од Штип: во него удрил мопед и побегнал

Ноќеска околу 20.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на магистралниот пат Радовиш-Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу велосипед управуван од Д.Т.(40) од Штип и мопед, по што возачот со мопедот го напуштил местото на настанот.
Со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Прегазена 68-годишна жена од Скопје

Во СВР Скопје синоќа околу 19.15 часот било пријавено дека на ул.„Лука Геров“ во Скопје, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Б.(70) од Скопје, удрило во пешакот М.С.(68) од с.Волково, скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.С., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.