Црна хроника
Манијак се самозадоволувал во парк во Ѓорче Петров

Скопјани во полицијата пријавиле дека во паркот Ѓорче Петров, нивните малолетни ќерки забележале машко лице кое недолично се однесувало со самозадоволување на јавно место.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР во дневниот билтен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
55-годишен скопјанец пронајден починат во водите на Охридското езеро

Вчера во 12.15 часот во ОВР Струга било пријавено дека во водите на Охридското езеро на струшкото крајбрежје било забележано безживотно тело на машко лице.
Од преземените мерки и извршениот увид, било констатирано дека се работи за И.Д.(55) од Скопје.
Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Црна хроника
Приведени возачи од Битола и од Ресенско, управувале возила со 1,87 и 1,86 промил алкохол

Утрово во 00.08 часот на крстосница составена од ул.„Филип Втори Македонски” и ул.„Баталјон Стив Наумов” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Р.К.(44) од Битола.
При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле возило „ровер” со битолски регистарски ознаки, кое го управувал Р.К., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,87 промили алкохол во крвта.
На 25.07.2025 во 00.15 часот на ул.„Борис Кидрич” во Ресен полициски службеници од ОВР Ресен го лишиле од слобода Н.Т.(44) од с.Јанковец,ресенско. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле возило„хјундаи” со ресенски регистарски ознаки, кое го управувал Н.Т., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,86 промили алкохол во крвта.
Двајцата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.
Црна хроника
Уапсен пијан возач од Тетовско: учествувал во сообраќајна незгода

Утрово во 02.40 часот на ул.,,Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за бездност на патниот сообраќај при СВР Тетово го лишиле од слобода Д.С.(49) од с.Брвеница, тетовско.
При преземање мерки по претходно случена сообраќајна незгода на улицата, во која учествувал Д.С. со своето возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, со дрегер било утврдено дека тој го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,78 промили алкохол во крвта.
Д.С. бил задржан во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти полицијата.