Црна хроника
Мароканец осомничен за напад врз полицаец кај Гевгелија: му ја фатил десната рака и му го скршил прстот
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе наредба за спроведување истражна постапка против државјанин на Мароко, кој е осомничен дека сторил кривично дело напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 3 од Кривичниот законик.
„На 28 октомври осомничениот нападнал полициски службеник кој постапувал по наредба за вршење патролна служба. Полицаецот, заедно со двајца словачки полициски службеници од Фронтекс, добил известување дека на бензинска пумпа на автопатот А1 во правец Гевгелија – Скопје, непознато лице – мигрант се качил на товарно моторно возило со унгарски регистарски ознаки.
Тие отишле на бензинската пумпа, каде што шоферот на камионот им потврдил дека во неговото возило се качил мигрант, кој одбива да се симне. Полицајците му дале наредба да се симне од возилото, но осомничениот, движејќи се по покривот, се префрлил на предниот дел од возилото, од каде што скокнал и почнал да бега“, соопшти Обвинителството.
Македонскиот полициски службеник тргнал по него и го фатил, но осомничениот почнал да дава активен отпор, му ја фатил десната рака на полицаецот и почнал да му ги витка прстите. На тој начин му задал повреда – фрактура на прстот, со дислокација на фрагментите. Во тој момент на помош дошле колегите и заедно го совладале осомничениот.
Бидејќи постојат околности што го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе се даде во бегство, дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и дека ќе го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор, се додава во соопштението на Обвинителството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР.
Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен 15-годишен кумановец поради кражба на автомобил и приватни имоти
На 23 февруари 2026 година во 11:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 15-годишник од Куманово, информираат од МВР.
Според полицијата, тој одзел паркирано патничко моторно возило „форд ескорт“, сопственост на Р.Ј. (25) од Куманово. Дополнително, се сомничи дека влегол во два приватни имоти и одзел повеќе предмети.
Малолетникот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Фото: илустрација
Црна хроника
14-годишно дете возејќи автомобил во Дебреште удрило во бетонски столб, повреден е и неговиот малолетен сопатник
Синоќа во полицијата било пријавено дека во село Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од селото, удрило во бетонски столб, соопшти МВР.
Во несреќата, 14-годишен сопатник од Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

