Црна хроника
Масовна тепачка меѓу соседи во Скопје, во која учествувале и двајца малолетници

Вчера околу 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Дринска” поради нарушени меѓусоседски односи бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.И.(23), И.С.(56) и Ф.С.(21) од Скопје од една страна и А.А.(34) и двајца малолетници од Скопје, од друга страна.
Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 став 3 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, информира МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
На велосипедска патека во Скопје се судрија велосипед и електричен мотор, едниот од возачите побегна

Вчера на велосипедска патека на булеварот Јане Санданскин се случила сообраќајна несреќа помеѓу велосипед и електричен мотор, управуван од К.Л.(71) од Скопје, по што лицето со велосипедот го напуштило местото на настанот, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил К.Л., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Битолчанка со измама дошла до лични податоци на маж, па си подигнала брз кредит

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Ч.(48) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ во врска со кривично дело „измама“.
Во текот на мај 2024, пријавената преку социјална мрежа, под друго име, стапила во контакт со лице од тетовско и со лажно прикажување на факти побарала услуга од него и на тој начин ги добила неговата лична карта и трансакциска сметка. Потоа, со уште едно лице, злоупотребувајќи ги личните податоци на оштетениот, подигнале брз кредит од финансиско друштво.
Откако на домашна адреса добил писмо од финансиското друштво дека има неплатен долг, оштетениот сфатил дека е измамен.
Црна хроника
Кавадарчанец возел со 2,52 промила алкохол и излетал од патот

Полицијата вчера го приведе Г.Т.(44) од Кавадарци.
„Тој, управувајќи возило „голф“ со кавадаречки регистарски ознаки, на регионалниот пат Кавадарци – Дреново, кај место викано Рамниште, изгубил контрола и излетал од патот. Г.Т. бил задржан во полициска станица, а од извршените проверки било констатирано дека го управувал возилото со 2,52 промили алкохол во крвта“, велат од МВР.
Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава за безобѕирно управување со моторно возило.