Црна хроника
Мајка нападнала соученик на нејзиниот син во основно училиште во Карпош
Мајка нападнала соученик на нејзиниот син на фудбалско игралиште во основно училиште во Карпош.
„На 12.02.2024 во 19.15 часот во СВР Скопје, И.С.(43) од Скопје пријавил дека околу 16.00 часот на фудбалско игралиште во основно училиште на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходно недоразбирање, неговиот малолетен син физички бил нападнат од мајка на ученик од истото училиште“, информираа од МВР за случајот.
Се преземаат мерки за расчистување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Mлад скопјанец натепан во автобус во Карпош од две двојно постари лица
Синоќа во градски автобус на подрачјето на Карпош, Н.Ј.(23) од Скопје бил физички нападнат од Ј.И.(58) и 50 – годишната Л.И., двајцата од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Деца натепани од врсници на Бит Пазар пред зградата во која живеат
Триесет и четиригодишната Ч.М.А. од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот пред зградата во која живеат на подрачје на Бит Пазар, нејзините малолетни деца биле физички нападнати од двајца малолетници.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Избоден малолетник во Куманово, пренесен е болница
Малолетно момче било избодено синоќа во Куманово.
Од МВР велат дека момчето се здобило со повреди и било пренесено во Ургентниот центар.
Засега е познато дека зад нападот стои едно лице, но од МВР без детали што претходело и дали двајцата се познавале.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.