Црна хроника
МВР: Приведен криумчар, пронајдени мигранти од Сирија
Денеска (30.09.2023) во 15.40 часот полициски службеници од Полициска станица за граничен премин и граничен надзор Богородица при РЦ за ГР Југ, кај бензинска пумпа на автопат А1, го лишиле од слобода А.Д.(32) од Р.Србија, поради сомнение дека сторил кривично дело “криумчарење мигранти”.
Имено, откако претходно на наплатна станица „Смоквица“ со своето патничко возило „ауди А3“, со скопски регистарски ознаки, не застанал на даден знак за запирање, од страна на полициските службеници тој бил затекнат при истовар на 8 лица мигранти од Сирија.
А.Д. е приведен во полициска станица и известен е Јавен обвинител од ОЈО за ГОКК Скопје. Мигрантите се пренесени во прифатно-транзитен центар и по комплетно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена кривична пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се степале за паркинг во Петровец, па му се заканил со огнено оружје
Вчера во СВР Скопје, И.К.(41) од с.Петровец, скопско пријавил дека околу 18:00 часот во с.Петровец, скопско, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, Д.Д. се обидел физички да го нападне.
Потоа му упатил закани со огнено оружје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: депозитфотос
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

