Црна хроника
МВР со детали за сообраќајната несреќа кај „Дајмонд“: 27-годишната скопјанка со повреди пренесена во болница

Вчера во 08.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од булеварот Мито Хаџивасилев Јасмин и сервисна улица која води од булеварот кон катна гаража „23 Јули“ во Скопје, патничко возило „сеат алхамбра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Џ.И.(21) од село Никуштак, општина Липково, удрило во пешакот Т.С.(27) од Скопје.
Во незгодата со телесни повреди се здобила Т.С., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Две жртви во два автобуси: украдени паричник и накит од патнички во Скопје

Две кражби со насилство се пријавени во aвтобус во Скопје за само еден ден. Во Чаир, додека се возела во автобус, М.К. (48) од Скопје останала без паричник со пари, лични документи и други предмети, кои ѝ биле одземени од нејзината чанта.
На подрачјето на Центар, В.З. (20) од Скопје пријавила дека, додека излегувала од автобус, едно лице ѝ го одзело личниот накит со употреба на сила. Полицијата презема мерки за расчистување на двата случаи.
Црна хроника
Малолетник нападнат на училишно игралиште од татко на друго дете во Карпош

Во Карпош, на училишно игралиште, малолетно дете било физички нападнато од татко на друго дете, со кого претходно имало конфликт.
Случајот го пријавила мајката на детето, А.Р. (41) од Скопје, а полицијата презема мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Четирицикл се преврте во Лазарополе – Италијанец тешко повреден

Во атарот на село Лазарополе, на шумска необележана патека, италијански државјанин Л.М. (56) изгуби контрола над својот четирицикл и се преврте.
Во несреќата, тој се здоби со тешки телесни повреди и беше пренесен во болница „Св. Еразмо“ во Охрид, каде му беше укажана медицинска помош.
На местото на настанот извршен е увид од полицијата.